February 23, 2017

Самолепливи ленти

selotejp_trakaОд самото формирање во 2014 год. Перфекто МЛС е директен увозник на самолепливи траки за рачно и машинско лепење на картонски кутии, пакети и др.
Вршиме дистрибуција на ленти со различен тип на лепак во зависност од потребите на клентот. Од нашата понуда би издвоиле:

1. За пакување на лесни и средно тешки кутии предлагаме користење на селотејп на база на акрилен лепак и вештачки каучук (хотмелт). Дебелина на траката со нанос на лепак изнесува 43 микрони. Истиот го предлагаме за подолготрајно чување на робата во магацини со температурен опсег од -10 до 60 степени.  Најдобра апликација при температури од 5 до 45 степени. Бојата на лентата е проѕирна (транспарентна) и кафена (мат). Ширина на ролна 48мм должина 50, 55, 110, 600м.

 

2. За пакување на средно тешки и тешки кутии предлагаме користење на селотејп на база на вештачки каучук (хотмелт) и солвент (природен каучук). Истиот се предлага при долготрајно чување на роба во места со температурна разлика од -20 до 60 степени. Најдобра апликација при температури од 2 до 45 степени. Бојата на лентата е проѕирна (транспарентна) и кафена (мат). Ширина на ролна 48мм и 75мм должина 50, 55, 110, 600м.

 

3. За пакување на средно тешки и тешки кутии предлагаме користење на селотејп солвент (природен каучук). Истиот се предлага при долготрајно чување на роба во места со температурна разлика од -25 до 60 степени. Најдобра апликација при температури од 2 до 45 степени. Бојата на лентата е проѕирна (транспарентна) и кафена (мат). Ширина на ролна 48мм и 75мм должина 50, 55, 110, 600м.

4. Канцелариски траки. Боја на лента проѕирна (транспарента). Димензии 12, 19, 24мм.
5. Хартиена (Креп)трака. Во зависност од потребата се дели на посебни температурни групи.