Произведена е од полиетилен, којшто има ниска густина. Одлична е за пакување на кршливи материјали, како стакло и порцелан. Исто така се користи за пакување на мебел, електроника и сл.
Меурчестата фолија е отпорна на вода и нечистотија, со тоа предметите остануваат чисти и не можат да бидат оштетени од влага. Има одлични изолациски карактеристики и има голема еластичност со што може да се прилагоди на секоја форма.
Проѕирноста овозможува лесна идентификација на производите. За индустриска примена таа доаѓа во големи ролни.