Заштита при транспорт

СТРЕЧ ФОЛИЈА

Стреч фолијата се користи за пакување и заштита на производи, од мали и големи индивидуални предмети, па се до кутии наредени врз палета.

Стандардна димензија за индустриско пакување изнесува 500мм во ширина и дебелина на фолијата 23мик. 

Во зависнот од обемот на работа може да биде рачна и машинска. Ролната за рачна примена е од 2,5 – 3кг парче, Додека машинската е ∼ 16кг.

Начин на чување: Се чува во суви простории, со температурен опсег од -20°C / +30°C. Максимална влажност до 70%.

МЕУРЧЕСТА ФОЛИЈА

Произведена е од полиетилен, којшто има ниска густина. Одлична е за пакување на кршливи материјали, како стакло и порцелан. Исто така се користи за пакување на мебел, електроника и сл.

Меурчестата фолија е отпорна на вода и нечистотија, со тоа предметите остануваат чисти и не можат да бидат оштетени од влага. Има одлични изолациски карактеристики и има голема еластичност со што може да се прилагоди на секоја форма.

Проѕирноста овозможува лесна идентификација на производите. За индустриска примена таа доаѓа во големи ролни.